Поради товарот на славата и несреќните љубовни врски потполно се изобличил, па ретко излегува од дома- сега се покажа прв пат после долго време!

popara30 јуни, 20203min00
rob kardash

Ром Кардашијан прво ја шокираше јавноста, обвинувајќи ја Рита Ора дека го изневерувала со дваесетина мажи, а потоа имал турбулентен однос со Блек Чајна, со која има ќерка.

 Роб Кардашијан (33) ги намалил своите појавувања во јавноста последните години, а поради љубовта и товарот на славата добил вишок килограми.

Роб се пофалил дека бил на роденденската прослава на 36 годишната сетра Клои Кардашијан. Тој објавил неколку фотографии на инстаграм на кои позира со сетра му Кортни, нејзиниот поранешен сопруг Скот Диск, и некогашното момче на Клои, Тристан Томсон. Порано објавувал само стари фотографии од себе и од членовите од семејството или пак слики од ќеркичката Дрим

Неговите следбеници, кои ги има 1,5 милиони, приметиле на сликите дека Роб во последно време изгубил доста килограми. Инаку, тој се здебелил додека бил во врска со Рита Ора (29), врската започнала во 2012 година, кои ги полнеше медиумските колони.

Имено, тој јавно ја обвинувал дека го изневерувала со дваесетина мажи и затоа после неколку месеци ја прекинале врската. Рита Ора објаснила како Роб се налутил кога таа кажала дека е крај на нивниот однос, поради својата музичка кариера често патувала и немала време за љубов. Пејачката изјавила дека нивната врска никогаш не била ексклузивна.

“Го реков тоа јавно за да не си дозволам на себе никогаш повторно да бидам со неа”, појаснил Роб зошто јавно ја обвинил Рита за изневерувањето. Тој пишувал бесни објави и на твитер, а ги избришал откако го обиколија светот.

“Како може да биде толку посветена на својата кариера и да има време да биде со толку типови и тоа додека е во врска? Навистина ми се гади” изјави Роб. Тој продолжил да ја накачува својата килажа и во еден момент достигнал тежина од 135 килограми, а неговите многу по славни сестри објасниле дека тој очигледно ги решава своите емоционални проблеми на тој начин.

View this post on Instagram

Sweet 16 😁 woo

A post shared by Rob Kardashian & @dream daddy (@robkardashianofficial) on

Ким Кардашијан спомнала како тоа е сигурно поради тоа што кога имал 16 години починал нивниот татко Роберт Кардашијан. Тој во 2016 започнал врска со старлетата Блек Чајна (32), а се венчаа за помалку од месец дена.

Интересно е тоа што Блек Чајна е поранешна девојка раперот Тајга, кој во тоа време бил во врска со сестрата на Роб, Кајли Џенер. Во ноември 2016 Роб со старлетата добија ќерка по има Дрим Рини

Парот се раздели во февруари 2017, и нивните кавги ги полнеа медиумите. Се расправале преку социјалните мрежи, излегоа голите фотографии на Чајна, го уништуваа својот имот, а подигнаа и неколку судски тужби.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma