Северина е повторно во Сплит каде моментално се дружи со пријателките.
Откако објави фотографија со Ива Радиќ, Северина позираше со познатата сплитска фотографка Соња Дворник и објави интересна порака.
Најмногу сакам кога ќе ме земат здраво за готово. Па ќе кажам здраво и готово” (М. Антиќ)…кажува Соња Дворник дека ова е за нас. Обожавам…што би рекла таа” напиша пејачката под фотографијата во која е сликана со бел фустан со точки и бели наочари за сонце.
„Мудар коментар“, „Имам образ, не го давај сине образот, мајка ми рече спонтано“, „Да, кој разбира, ќе разбере“, „Леле, одличен цитат“, коментираа фановите на Северина, на кои особено им се допадна описот на фотографијата.
Инаку, Северина веќе долго време не се гледа со сопругот Игор Којиќ, а судејќи според објавите на социјалните мрежи, тој е најмногу во Србија додека таа е Хрватска. Игор не беше на нејзиниот неодамнешен концерт во Сплит, а членовите на неговото семејство ја отследија пејачката од Инстаграм.
Во медиумите веќе некое време се шепоти околу проблемите во бракот, пишува Index, тие сè уште се следат само на социјалните мрежи. Последните заеднички фотографии ги објави Игор на неговиот профил на почетокот на јуни.
„Љубов што не може да се мери со лајкови и следбеници. Ангел, најубава душа и најдобра мајка на светот“, напиша тој во тоа време.