Додека Никола Пелц и нејзиниот вереник Бруклин Бекам планираат сè за нивниот голем ден, неговата поранешна девојка Хана Крос го искористи моментот да ја покаже својата завидна фигура на Инстаграм додека уживаше во Ибица.
23-годишната манекенка позираше во мини бикини со шема на леопард и ја истакна тенката линија на која и завидуваат многу нејзини колеги.
Тие беа во врска од крајот на 2018 до септември 2019 година, а набргу по раскинувањето тој ја запозна и неговата идна сопруга.Инаку, Хана и Бруклин биле познати по бурните испади, честопати се карале и дури знаеле да се пресметаат и физички.
Никола Пелц е американска актерка и ќерка на милијардер, а се вери со Бруклин Бекам по деветмесечна врска. Тој ја запроси со прстен вреден повеќе од 200.000 американски долари, а двојката, наводно, ќе има две свадби. Бројни популарни имиња се најдоа на списокот на гости, а тие, наводно, ќе ги поканат, меѓу другите, принцот Хари и Меган Маркл.
Тие немаат проблем со парите, а нивните богатите родители ќе направат се за да го направат најголемиот и најважниот ден на своите деца што е можно поквалитетен.