Еројна Сулејмани е поранешна Мис Албанија, а неодамна беше сопруга на швајцарскиот фудбалски репрезентативец Блерим Џемаили. Во 2016 година таа беше прогласена за најпривлечна навивачка, според изборот на италијанското издание на GQ.
Таа се разведе од фудбалерот во 2018 година, тврдејќи дека е слаб љубовник. Но, не престана да одржува контакти со Џемаили, давајќи му поддршка и на Светското првенство во Русија, нагласувајќи дека секогаш ќе го почитува како поранешен брачен партнер и татко на нивниот син Луан.
Во февруари годинава Ерјона за медиумите изјави дека многу фудбалери кријат дека се хомосексуалци, запрашувајќи се зошто хомосексуалноста сè уште создава проблеми.
На Instagram ја следат над 290.000 обожаватели.