Пензионираниот ангел на „Викторија Сикрет“ Алесандра Амброзио се чини дека се изморила да носи долна облека во текот на нејзината успешна кариера, па сега нејзините омилени комбинации се без тоа, што честопати ни ги покажува на лежерни прошетки во сончевиот Лос Анџелес.
39-годишната поранешна манекенка е така фатена во тотално опуштена облека, високи панталони од чипка и краток исечен топ под кој не носи градник. Алесандра ги игнорираше погледите на минувачите или камерата на папараците, одеше самоуверено со заштитна маска на лицето и сокот по кој сврати до нејзиното омилено кафуле.
Пешачењето и поминувањето време на плажа е една од нејзините омилени активности по карантинот заради коронавирусот кој го помина со своето момче и италијанскиот претприемач Никола Оди и децата што ги доби со својот поранешен свршеник Џејми Мазур.
Свршувачката ја прекинаа во 2018 година, откако заедно поминаа десет години, а набргу потоа се запозна со Никола, која успеа да ја освои на едно вечерно излегување.