Поранешниот човечки Кен сака да престане со пластичните операции: „Имам лузни на носот, не можам да дишам“

popara11 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-11 135558

Бразилецот Родриго Алвес (35), кој стана познат како „човечки Кен“ и потоа подлегна на операции до тој степен да стана Барби, беше во Лондон за време на изолацијата. Тој се упати кон аеродромот Хитроу за да отпатува за Бразил и повторно да се соедини со семејството.

Папараците го „фатија“ како шета низ аеродромот во тесен син фустан, кој ги истакна неговите облини, за кои се гордее по сите операции. Модната комбинација му ги потенцираше градите и тесниот половината. Родриго едвај чекаше да го види своето семејство, особено затоа што му беше потребна нивната поддршка после сите операции што ги изврши за да стане она што отсекогаш сакал да биде – жена.

Daily Mail пишува дека за време на изолацијата размислувал многу за промена на своето име. Тој исто така призна дека пандемијата го спречила да продолжи со операциите, од кои некои тргнале наопаку.

  • Имам лузни на носот. Сакав да гоа обновам така што тие ќе ми ја отстранеа ‘рскавицата заради тоа. Но, тоа не успеа, и сега не можам да дишам. Сега се обидувам да уживам во животот на поинаков начин, без пластична операција. Се обидувам да бидам среќен без тоа – објасни Бразилецот, кој имал направено повеќе од 70 пластични операции.

Но, поранешниот „човечки Кен“ не ја крие својата среќа што неговиот сон конечно му се оствари и стана жена. Иако неговите отечени и искривени фотографии по операцијата ги згрозија корисниците на социјалните медиуми ширум светот, Алвес е горд.

Родриго би сака да го сметаат за „таа“, а тој исто така најави и промена на полот.

  • Сега сум вистинскиот јас. Гламурозна, убава, женствена. Со години се обидов да живеам како маж. Имав „плочки“ на стомакот, мускули во рацете, но само се лажев себеси. Јас сум жена и отсекогаш сум имал женски памет. Сега моето тело одговара на мојот ум – вели Родриго.
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma