Поранешниот управител на имотот на Џони Деп нашол исечено парче од прстот на актерот!

popara16 јули, 20201min00
depp 2

Поранешниот менаџер за недвижнини во Холивуд на Џони Деп, во средата пред Врховниот суд во Лондон изјави дека нашол отсечено парче од прстот на актерот по неговиот судир со поранешната сопруга Амбер Херд.

Деп (57) го тужи издавачот на британскиот таблоид за клевета на една статија од 2018 година во која го нарекоа „тепач на жени“.

Бен Кинг, кој работел за Деп помеѓу 2014 и 2015 година, рече дека Херд е таа која го предизвикала додека тие биле заедно и дека тие се карале како деца.

Кинг, кој беше вклучен во операцијата за расчистување по наводниот инцидент на изнајмениот имот во Австралија во 2015 година, рече дека нашол парче од прстот на актерот.

„Беше споменато дека може да биде тука некаде и јас го најдов додека чистев“.

Деп претходно раскажал како Херд му го отсекла прстот кога таа му фрлила шише вотка.

За време на петдневното сведочење, Деп рече дека обвинувањата на Херд за семејно насилство од 2013 до 2016 година биле лажни и дека таа редовно го напаѓала.

Херд треба да започне со презентирање на доказите во петок, додека долгогодишната поранешна партнерка на Деп, Ванеса Парадис, треба да се појави на суд преку видео-врска во четврток.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma