Последниве години се повеќе трудници се одлучуваат за нешто што во минатото било нормално – породување дома. Додека нашите прабаби и баби најнормално раѓале во своите домови, нашите мајки генерално се пораѓале во болница.
Сепак, и покрај развојот на медицината и опременоста на болницата, се поголем број на трудници сакаат да родат во друштво на најблиските, во познато опкружување. Овој тренд години наназад го пратат и познати дами, па многу од нив своите бебиња ги родиле вон вообичаените медицински установи.
Најпознатата plus size манекенка неодамна за прв пат стана мајка. Таа исто така е една од познатите дами која одлучи да роди во својот дом и тоа во базен за пораѓање. Како што раскажува покасно, засекогаш ќе се сеќава на тој посебен момент кога директно од базенот со новородениот син отишла во кревет каде долго се галеле.
“Кога мојата ќерка се роди, беше обмотана со папочната врвца околу вратот и тоа беше вистински застрашувачко. Беше на моите гради и не дишеше. Бабицата и даде вештачко дишење додека беше во моите раце, во присуство на мојот сопруг. Ја оживеа и ние тоа го видовме” – го раскажала своето искуство глумица која исто така одлучила да роди во својот дом.
За жал, папочната врвца била омотана и околу вратот на нејзиниот син. Но за разлика од неговата постара сестра, на него му било потребно болничко згрижување.
“Детската болница во Лос Анџелес му го спаси животот” – тврди Бел.
Пред да го дочека второто дете, ќерката Банкс Виолет во 2018 година, Даф одлучила дека после породување во болница, сака да го искуси и породувањето дома.
И се исполнила желбата па својата ќерка ја родила во друштво на три бабици и на “неверојатните дадилки” кои и помагале, партнерот Метју Кома, сестрата Хајли Даф и нејзиниот пес. Месеци потоа одлучила да сподели фотографии од породувањето со своите обожаватели.
Славната манекенка го родила синот во кадата од својот дом, а во сево ова и помогнал нејзиниот сопруг Том Брејди.
“Породувањето беше едно сосема ново животно искуство за мене. Ја имав таа среќа да родам баш во мојот дом, во присуство на моите сакани на место каде се осеќам сигурно. Навистина тоа беше преубаво искуство. Никогаш не сум се чувствувала толку ранливо и толку силно во исто време” – опишува таа подоцна.
И оваа славна глумица и манекенка го искусила породувањето дома во присуство на бабица, медицинска сестра и сопруг.
“Родив два пати дома – природно, со бабица, во вода и без било какви лекови”, изјавила Памела која има два сина Брендон и Дилан.
Sвездата на серијата Теорија на големиот прашок, раскажува како нејзиниот постар син Милс го следел породувањето од својата висока столица и јадел пуканки во моментот кога се родил неговиот брат Фредерик.