Посакувате сериозна врска? Избегнувајте ги овие хороскопски знаци!

popara4 април, 20201min00
horoskoppp

Врските не траат засекогаш, а за некои не траат воопшто. Се трудите, но кога ќе ви се појави некој кој веќе има всадено одредени очекувања и идеали, влегувате во минско поле од потенцијални разочарувања. Еден партнер сака да знае каде оди врската, а други тоа го нарекуваат угнетување.

Ако вашиот партнер бара од вас да бидете нешто што не сте, тука почнуваат проблемите.

Кои хороскопски знаци не остануваат долго во врска?

Бик

Главната мантра на бикот е “Сакај и остави”. Овој знак понекогаш размислува за вистинска врска, но тоа брзо му здосадува. За бикот едноставно е невозможно да се врзе за една личност. Ако сте вие врзани за некој Бик, сигурно веќе ве изневерува. Тие не влегуваат во врска со цел да го изневеруваат партнерот, но толку се неодоливи во кревет, па секој сака да ги задржи засекогаш, а Бикот нема време за тоа. Тие имаат шарм и добра смисла за хумор поради кои луѓето мислат дека се подготвени за сериозна врска, но вистината е дека Бикот никогаш не се задржува.

Вага

Вагите не остануваат во врска зашто не сакаат да се врзуваат. Кај нив се е во сексот набрзина и она што можат да го добијат од вас. Ако имате пари, Вагата ќе остане со вас се додека не останете без нив, а потоа едноставно ќе исчезне. Вагата е најпотентниот полигамен играч. Сакаат кога имаат повеќе партнери, но ниту една обврска према нив. Кога се обидуваат да бидат во врска со една личност, обично на крајот ја повредуваат, бидејќи едноставно не можат да бидат врзани.

Шкорпија

Шкорпијата нема намера да остане во било каква врска ако не ја најде сродната душа. Сите знаеме колку е тешко да се пронајде нешто совршено, уште помалку друго суштество кое би го нарекле “сродна душа”.

Тие се посветени партнери, но ако не им се посветите потполно, вашата врска нема да потрае. Шкорпиите сакаат внимание, но исто така се опседнати и со контрола и имаат големи очекувања. Ако не се покажете, Шкорпијата губи интерес и ќе ве остави веднаш. Заљубете се во Шкорпија и со сигурност ќе го изгубите разумот.

Близнаци

Со Близнаците речиси е невозможно да останете во врска. Всушност, ако сте во врска со Близнаци, сигурно многу се мразите и немате самопочит.

Близнаците сакаат да бидат во врска, но само ако можат да ве “поправат”.  Не ги интересираат здрави луѓе. Тие бараат ранливи луѓе. Сакаат слуги кои молчат и слушаат, а не љубовници со кои треба да го делат животот. Близнаците ја раскинуваат врската во моментот кога партнерот ќе сфати каков “психопат” ги држи во заробеништво.

Овен

Овните имаат всадени очекувања- со други зборови, тие се вистински раководители на задачите. Тие знаат што сакаат во врската и ќе ве притискаат се додека не ве скрши нивниот притисок. Кога сте во врска со Овен, ова најчесто е почеток на крајот.

Тие намерно иницираат крај. Вршат преголем притисок на своите партнери бидејќи бараат совршенство. Овенот на крајот го обвинува партнерот дека е најлош на светот, што им дава совршена пасивно агресивна причина да ве остават.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag