После грозните тврдења, изјави дека немала појма што се случува: Познатата водителка се огласи откако започна истрагата

popara31 јули, 20201min00
elen

Познатата Елен Деџенерес се огласи за прв пат по обвинувањата за навредите и покрена истрага за односот кон вработените..

Елен Деџенерес му се извини на својот тим откако беше покрената истрага за „токсичното“ работно опкружување како дел од реализацијата на нејзиното шоу „Елен Деџенерес“.

– “На првиот ден од нашето шоу, им реков на сите дека ова ќе биде наше среќно место, дека никој претпоставен нема да им го крева гласот и сите ќе бидат третирани со почит. Очигледно, нешто се смени и јас сум разочарана што тоа така испадна. Жал ми е. Секој што ме познава, знае дека е ова е спротивно на она во што верував и се надевав.”

Таа додаде дека се потпирала на другите да ја завршат својата работа онака како што сакала, но „очигледно не испаднало на тој начин“.

– “Сфатив дека луѓето кои работат за мене зборуваат во мое име и погрешно ме претставуваат, и тоа мора да запре. Јас сочувствувам со сите оние кои биле третирани нееднакво,различно и без почит. Кога ќе се присетам дека некој од вас се чувствувал така, се чувствувам ужасно.”

Taa ќе се погрижи таквите работи да не се случуваат повторно и дека се ќе тргне на добро.

– “Мораме да бидеме повнимателни кога станува збор за нашите зборови, постапки, среќна сум што сега знам во што е проблемот. Ветувам дека ќе продолжам да ги поттикнувам сите околу мене да учат и растат со мене. За мене е важно секој што има нешто да каже, слободно да може да ми се обрати и да знае дека е безбеден.”

Претходно овој месец, BuzzFeed News објави дека 10 од поранешните работници на Елен биле обвинети дека доживеале навреди поради бојата на кожата(расизам) како и заплашување. Друг поранешен работник рече дека токсичното опкружување не е создадено од самата Елен, туку од нејзините извршни продуценти и други високи членови на тимот. Сепак, тој истакна дека Елен мора да биде повеќе вклучена во тоа што се случува кога фотоапаратите се исклучени.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma