“Џони се закани дека ќе ми го исече лицето ако го оставам, тој рече дека ќе ме гледа додека ме силуваат!”

popara20 јули, 20202min00
amber

Американската актерка Амбер Херд изјави на суд дека нејзиниот поранешен сопруг, актерот Џони Деп, се заканил дека ќе ја убие.

Амбер сведочеше денес во Високиот суд на Велика Британија во Лондон во постапката во која Деп го тужи издавачот на весникот „The Sun“ за објавување напис во 2018 година, во кој тој го нарекува актерот „лице кое ја тепа сопругата“.

Според Ројтерс, Херд изјавила дека претрпела екстремна злоупотреба, дека одредени инциденти биле толку ужасни што се плашела дека Деп ќе ја убие, намерно или заради губење на контролата.

  • Тој експлицитно се закани дека ќе ме убие, особено подоцна во наша врскаи – истакна Херд.

Според неа, Деп бил „опседнат со својот изглед“ и ја нарекувал „курва гладна за слава и желна за внимание“, ако носела одреден вид облека.

  • Физичко малтретирање вклучуваше тепање, шлаканици, удирање, удирање по главата и задушување. Ме фрлаше, ме влечеше за коса, ме туркаше и ме соборуваше на земја. Тој фрлаше и прдмети кон мене, особено стаклени шишиња – рече Амбер за време на нејзиното сведочење.

Судскиот процес трае веќе две недели, а во тој период доказите беа разгледани и Деп сведочеше пет дена. За време на судењето, обете страни дадоа шокантни тврдења.

View this post on Instagram

Week 2 of Stay at Home: The Hair Edition

A post shared by Amber Heard (@amberheard) on

Деп негираше дека некогаш бил насилен кон Херд, или која било друга жена и тврди дека Амбер го малтретирала и злоупотребила.

За време на судењето, проговорија познатите бивши партнери на Деп Винона Рајдер и Ванеса Парадис, тврдејќи дека „не е можно Деп да биде насилен“ и дека никогаш не доживеале вакво нешто, ниту пак знаат дека некоја жена го доживеала тоа од американскиот актер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma