Постари, помудри, поискусни: Тајната за квалитетен сексуален живот во средна доба

popara5 мај, 20201min00
60

Предолго нѐ учеа сексот да го поврзуваме со младите луѓе. Кога сме помлади, пораката е: очекувајте одличен секс, добра самодоверба и чувствувајте се прекрасно.

Овие силни слогани суптилно ја одиграа својата улога, луѓето да се чувствуваат невидливи од среднaта доба, па понатаму. Но, неодамна, сфативме дека сексуалниот живот на луѓето во 50-тите, 60-тите и пошироко се подеднакво важни. Луѓето живеат подолго, стануваат поздрави и повеќе обрнуваат внимание на нивната физичка и емоционална благосостојба, така што и понатаму се чувствуваат пожелно.

Колку побрзо сфатиме дека староста никогаш не треба да застане на интимниот пат, толку подобро. Особено затоа што има толку многу начини да го направите средовечниот секс здрав и забавен. Останување во врска со нашите партнери и одржување на комуникација е клучно – и тоа не е само усмено: бакнежите и држење за рака, исто така се сметаат.

Партнерите можат да станат „интимни странци“ откако ќе ги поминат тешките години на родителство и ќе се концентрираат на потребите на другите. Но, можно е да се вратиме на „старо“, правејќи ги сите работи што сме ги правеле на почетокот на врската. Започнете со тоа што ќе бидете повеќе физички склони едни кон други. Истражувањата укажуваат на тоа дека разгалувањето ја зголемува количината на окситоцин, понекогаш познат како „љубовна хемикалија“ во крвта и може да помогне во намалување на стресот, вознемиреноста и да ве натера да се чувствувате посреќни. Но, што е најважно, разговарајте со вашиот партнер за вашите грижи. Можеби ќе ви изгледа како нешто што треба да го направите сами, но грижливиот партнер тоа ќе го разбере.

Додека жените достигнат менопауза, позитивна нуспојава за која ретко се зборува е како тие можат да станат сексуално самоуверени. Ова може да помогне при испробувањето нови сексуални пози, што може да биде одличен начин за повторно поврзување со партнерот. Затоа, немојте да бидете срамежливи да бидете гласни со партнерот – станува збор за споделување проблеми и желби, експериментирање и лесно пробување, чекор по чекор.

Не дозволувајте грижа за болниот секс или искуството на вагинална сувост или инконтиненција да станат пречка за интимноста. Тензијата за време на сексот затоа што сте загрижени за протекување може да го направи сексот болно искуство. Овие проблеми можат да се појават во различни фази од животот, затоа откријте кои производи се нудат за да ви помогнат. И малите промени, како што се намалувањето на внесот на течности или празнењето на мочниот меур пред сексот, навистина можат да помогнат.

Лубрикантот е ваш пријател и нешто од што не треба да се срамите. Не би помислиле двапати да инвестирате во добар тоник за лице, па зошто да не го направите тоа кога станува збор за вашиот сексуален живот? Наместо да избегнете лекар и да страдате во тишина, побарајте медицински совет и производи кои ќе ви помогнат. Не се срамете се од физичките промени во вашето тело што повеќето луѓе ги доживуваат, а кои може лесно да се лекуваат.

Постои смешен мит дека како што старееме, веќе не треба да очекуваме да чувствуваме сексуално задоволство. Тоа не е точно. Колку е тажно, всушност, ако се откажете од желбата и верувате дека сексот и интимноста мора да бидат отпишани. Одвојте време еден за друг со готвење оброк, со романтична прошетка или спиење порано од вообичаеното.

Исто како што си даваме време да одржуваме кокндиција, интимноста е уште еден мускул за вежбање и треба да не возбудува. Не стануваме невидливи кога ќе достигнеме одредена возраст.

Ние сме активни, здрави, сексуални, сензуални суштества. Нашите сексуални животи не треба да стануваат сè повеќе табу со секој наш роденден, туку треба да се слават затоа што тие и понатаму се значаен дел од нашиот личен идентитет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma