Постојан замор за време на бременоста? Дали е време за паника?

popara10 април, 20201min00
bremenost

Сосема е нормално да чувствувате замор, особено во првите 12 недели од бременоста. Тогаш се случуваат големи промени во вашето тело што ве тераат да се чувствувате уморни.

Дури и ако отсекогаш сте биле „ноќна птица“, гледањето филмови во текот на ноќта сега е невозможно.

За време на бременоста вашето тело работи напорно. Најголем напор доаѓа во првото тримесечје. Ова е период кога се формираат главните органи на вашето бебе.

Нивото на хормоните и метаболизмот се менуваат брзо, додека нивото на шеќер и крвен притисок има тенденција да опаѓа.

Кога е време за загрижа?

Заморот и недостатокот на енергија можат да бидат резултат на малку железо во крвта (да сте анемични), што е честа појава во бременоста.

При следната посета на вашиот доктор за редовна контрола, докторот ќе ја испита и вашата крв за да се открие дали има проблеми со железото или се работи за нешто друго.

Понекогаш заморот може да направи да се чувствувате слаби. Повремено, исцрпеноста и проблемите со спиењето може да бидат симптоми на депресија. Ако имате чувство на безнадежност и сте изгубиле интерес за работите во кои уживате, консултирајте се со вашиот лекар. Важно е веднаш да побарате помош затоа што депресијата можеби нема да исчезне откако ќе се роди бебето.

Колку долго ќе трае чувството на замор?

За секоја мајка е различно, но најверојатно ќе чувствувате замор во првото и третото тримесечје.

Во првото тримесечје заморот е често еден од симптомите на бременоста, покрај гадење, губење на апетит и повраќање. Ако спиењето ви е нарушено, тогаш ќе се чувствувате уште поуморни. Обидете се да се одморите колку што можете повеќе, бидејќи заморот може да ги влоши симптомите.

Како да се справите со заморот?

Слушајте што ви вели вашето тело. Ако е можно, обидете се да спиете преку ден или одете порано на спиење. Обидете се да го прилагодите вашиот распоред според новата состојба. Можете да го намалите бројот на работни часови на работа, или, доколку тоа не е возможно, прилагодете ги работните часови во текот на денот. Ако веќе сте мајка, оставете ги децата со некој друг за да можете да спиете малку подолго. Побарајте помош и поддршка од семејството и пријателите и прифатете каква било помош кога ви е понудена. Обидете се да јадете здраво. Здравата исхрана сигурно ќе го подигне нивото на енергија. Комбинирајте го следново: интегрални јаглени хидрати, како што се леб и тестенини направени од интегрално брашно, овошје и зеленчук, млечни производи, леќа, грав, грашок, јајца, риба.

Не е лесно да се јаде редовно и квалитетно додека чувствувате гадење. Обидете се да јадете помалку и почесто. Ако стомакот ви е празен ќе се чувствувате уште послаби и поуморни. Одржувајте го нивото на шеќер во крвта со јадење здрави грицки во текот на денот.

Вежбајте! Лесно и нежно. Одењето на прошетка или пливање може да ви донесе дополнителна енергија и да ви помогне да чувствувате помалку замор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag