Постојат 8 начини на пишување на буквата Х зависно од тоа која црта и од каде тргнувате, а графологот Кети Мекнајт, чија специјалност е анализа на ракопис, открива како вашиот начин открива некои детали за карактерот.
Начинот на кој ги пишуваме буквите се формира уште од детството и со мали измени останува ист низ животот.
Па, не е необично што постои цела наука која го поврзува начинот на пишување со карактерните особини на луѓето.
Во анализата на ракописот најмногу се гледа со која брзина пишуваме, јачината на притисокот на моливот на хартијата, положбата на буквите и зборовите, раздалеченоста помеѓу нив, големината, обликот, заобленоста, наваленоста на буквите, а графологот Кети Мегнајт вели дека и сами можеме да направиме мал графолошки тест – треба само да ја напишеме буквата Х.
Повеќето луѓе, откри таа, оваа буква ја пишуваат кон бројот 7 во графиката, најпрво повлекуваат коса црта од левата кон десната страна, а потоа повлекуваат друга коса црта. Аналитичарката истакнува дека тоа воедно е и правилен начин за пишување на оваа буква.
- Тоа е балансиран начин на поместување на моливот. Помислете: пишуваме од лево на десно, од левата до десната маргина. Започнуваме со пишување на левата страна и продолжуваме кон десната – објаснува таа. Се друго би се гледало како регресивен испад, а тоа, продолжува аналитичарката, покажува бунтовност, негативен однос кон себе и постојан живот во минатото.
- Aко буквата X ја пишувате почнувајќи од долниот десен агол, тоа вели дека сакате да напредувате, но сте застанале некаде во минатото.
- Aкo почнувате од долниот лев агол, а потоа од десниот, вие сте отпадник кој силно сака да се катапултира од минатото, но тешко ви е да тргнете напред.
- Почнувајќи со пишување од горниот десен агол покажувате дека сте бунтовник без причина.
- Затоа што само кога ја пишувате онака како што би требало, од горниот десен и долниот десен агол, тоа вели дека се обидувате да се фокусирате на иднината, но еден дел сеуште ве мами да се вратите во минатото, како цело време да возите гледајќи во ретровизор.
- Правилен е само првиот дел од пишувањето кое започнува од горниот десен кон долниот десен агол, а другиот дел од долниот лев агол открива дека сте човек кој не се согласува со постоечките правила. Добро е да се живее по свое, зар не?
- Ако започнувате од долниот лев агол, вие ги следите трендовите и добро се снаоѓате во тоа.
- Во училиште многу веројатно сте учеле да пишувате токму на овој начин. Тоа покажува дека не сакате да ја избегнувате нормата и сакате ред и мир.
- Aкo започнувате во горниот десен агол, повеќе сакате да размислувате надвор од рамката.