Кога станува збор за WC школката, постојат два типови на луѓе.
Оние што секогаш го оставаат спуштен и оние што секогаш го оставаат дигнат капакот.
Обично, тоа се сведува на мажите и жените, а со тоа и чести расправии околу истото.
Но, нема да се справиме со тоа во овој текст.
Она што е важно е дали дозволувате водата да тече додека капакот се крева или додека се спушти.
И еве зошто тоа е толку важно.
Според „WellandGood“, пуштањето вода со подигнат капак резултира во таканаречени тоалетни прскотници објаснува микробиологот Џејсон Тетро. Се зборува за расејување на микроскопски честички како резултат на плакнење на тоалетот. Постојат докази дека специфични патогени, како што се норовирус или САРС, можат да се шират со ерози на тоалетот. Се претпоставува дека ширењето на патогените може да се намали со спуштање на капакот на тоалетот пред плакнење, или со употреба на тоалет со помал притисок.
Постоењето на овој аеросол, научниците го откриле во 1955 година, кога биле создадени различни механизми за испирање на тоалетот.
„Слично е аеросол со капки по кивање или кашлање. Откако ќе пуштите вода, капките се населуваат на која било површина и до неколку метри околу WC школката. Ова значи дека ако пуштате вода со подигнат капак, а четката за заби или крпите се близу, на нив може да завршат капки со можни траги од измет, објаснува Тетро.
За истражување на тоалетите, истражувачите ја „наполниле“ тоалетата со фекални суспензии на C. difficile, бактерија која предизвикува дијареја и колитис и откриле големо ширење на големи капки кога водата се пуштила без капак.
C. difficile е пронајден на висина до 25 сантиметри над тоалетот, и до 90 минути по пуштањето вода, со концентрации 12 пати повисоки, со капакот подигнат отколку со капакот спуштен.
Како тоа може да влијае на здравјето?
„Се чини дека таков аеросол може да биде причина за инфекција, особено вируси кои предизвикуваат дигестивни проблеми и лесно се шират на тој начин, како што е норовирусот. Бактериите не се таков проблем, вели Тетро.