Потврдени се шпекулациите: Манекенката и музичарот се повторно заедно!

popara13 јануари, 20201min00
gigi

Тие се вљубија во 2015. година и оттогаш доживеаја подеми, но и падови. Конечното раскинување на врската беше потврдено во јануари минатата година, но очигледно е дека 24-годишната манекенка Џиџи Хадид и 27-годишниот пејач Заин Малик се судени еден за друг. Минатиот викенд, двојката беше видена како ужива во меѓусебно друштво во чест на неговиот роденден.

Камерите на папараците ги забележале додека рака под рака се прошетаа низ прометните улици на американската метропола. Доколку им веруваме на натписите на „Daily Mail“, парот се упатил кон италијанскиот ресторан „Ил Буко“, каде со своето присуство ги почестија сестрата Бела и косовската пејачка Дуа Липа.

Тие прв пат раскинаа по две годинишна љубов, а се смирија само еден месец подоцна. Но, помирувањето траеше до јануари минатата година. Во ноември, повторно започнаа шпекулациите за повторно смирување, а конечната потврда пристигна токму овој викенд. Останува да видиме дали нивната врска ќе преживее или ова е само уште една фаза од играта „топло-ладно“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag