Актерката Ева Лонгорија скоро никогаш не го соблекува костумот за капење на 45-годишна возраст, а изгледа подобро секој ден.
Убавината од само 157 сантиметри блеска, откако го роди својот син Сантијаго во јуни 2018 година. Таа честопати споделува фотографии од себеси во костум за капење на Instagram, а понекогаш и детето и се придружува на нив, без да извади насмевка од лицето. Нејзините следбеници, 7,9 милиони, уживаат во постовите на Ева, истакнувајќи дека таа изгледа фантастично.
„Саботни насмевки“, напиша актерката неодамна додека позирала со својот син. „Оган си“, „Двајцата сте толку симпатични“, „Убавина“, „Вие сте тим од соништата“, „Баш си кралица“, коментираа фановите. Некои се шегуваа за висината и тежината на Ева и напишаа дека таа може да го држи Сантиаго во рацете уште долго време.
Лонгорија воодушевува со својот изглед и тоа набргу откако роди син. Таа брзо ја врати својата поранешна витка фигура, па многумина коментираа дека воопшто не веруваат дека била бремена. Но, актерката изгуби вишок килограми вежбајќи, а видеата често и ги објавува. Покрај вежбање со тежина, вежби за издржливост, Ева практикува и јога.
Патем, актерката, која стана позната во серијалот „Домаќинки“, е во брак со претприемачот Хозе Пепе Бастон (52) од 2016 година.