Актерката позната по улогата на популарната Wonder Woman, Гал Гадот, го прослави својот 35-ти роденден со мала помош од пријателите.
Израелската актерка времето во изолација го поминува дома со сопругот Џарон Варсан и нивните две ќерки во Лос Анџелес, а пријателите решија да ја изненадат на нејзиниот голем ден.
Нејзиниот сопруг излезе пред куќата, сите придржувајќи се на пропишаните мерки за социјална оддалеченост, пренесува Daily Mail. Гадот носеше обичен комбинезон, а судејќи според нејзините реакции, тие навистина ја изненадија.


Поранешната манекенка излезе стана позната во Холивуд откако се појави во филмот „Fast and furious“ во 2009та година.
Режисерот Зак Снајдер во неа виде голем потенцијал и реши дека ќе и ’даде шанса со улогата на Wonder Woman.
Најновиот филм за Wonder Woman требаше да излезе во август годинава, но сè уште не се знае дали тоа ќе се случи со оглед на пандемијата на коронавирус.