Девојката од филмовите Бонд и Супермен, но и “очајната домаќинка“, глумицата Тери Начер, позната е покрај своите улоги и по атрактивниот изглед. Пред неколку месеци наполни 55 години, но според нејзиниот изглед никој не би рекол дека е така!
Нејзината линија е на завидно ниво, а своето извајано тело го покажува редовно на социјалните мрежи. Тврди дека тоа го прави со цел да ги поттикне останатите исто така да вежбаат, а не за да собира комплименти!
“Вежбањето е всушност избор за да се чувствуваме подобро, а не само средство за да изгледаме убаво кога сме голи. Зошто всушност објавуваме слики во бикини? Па, јас се чувствувам слободно во моето тело кое е старо 55 години.
Конечно пронајдов начин како да се чувствувам удобно во сопствената кожа.
Можеби не секој ден, но во поголем дел сигурно“, стои во коментарот под нејзината фотографија која ја постави на Инстаграм.
Во што е нејзината тајна?
“Најубаво се чуствувам кога го правам тоа што го сакам. Сакам да се грижам за себе, да имам здрава исхрана, вежбам, креативна сум и се дружам со луѓе за кои се грижам – сите овие работи ќе ве однесат до сопствено прифаќање“, откри глумицата.
А која е нејзината наголема тајна против стареењето на кожата?
Конзумира три литри вода дневно! Тери смета дека ова навика има направено радикална разлика за изгледот на нејзината кожа. “Го направив ова според советите од нутрицонистите и само после неколку недели моите пријатели ме
прашуваа: Што имам направено на својата кожа? Изгледа неверојатно. Се разбира, во комбинација со вежбање и правилна исхрана се чувствувам подобро.“
“Веднаш после менопаузата чувствувам дека вежбањето го одржува моето тело во форма каква сакам. Бев посилна и полна со енергија, психички и физички“, објаснува. “Имам здрав начин на исхрана која не вклучува млечни производи, шеќер, алкохол, кафе и забава“, откри Тери, а дополнително признава:
“Се разбира дека се шегувам. Навистина е забавно да се чувстувате добро- се исплати“.