Познати личности кои зборуваа за менталното здравје и депресијата!

popara24 јули, 20202min00
kara 2

Кара Делевињ

Иако е убава и успешна, Кара (23) е дефинитивно доказ дека секој може да има депресија. Кога имала 15 години, нејзината состојба била толку сериозна што сакала да си го одземе животот. Сега таа тврди дека пишувањето, јогата и разговорите и помагаат да се справи со депресијата.„Комуникацијата е најважната работа. Менталното заболување и депресијата не се ништо од што треба да се срамиме. Посакувам во тоа време да разберев дека низ истото минуваат и други луѓе и дека не сум сама во ова “, изјави манекенката и актерката.

Кристен Стјуарт

Имајќи во предвид дека порасна пред камерите, а потоа стана светски позната како Бела во филмот „Самрак“, Кристен (25) беше прилично анксиозна како тинејџерка.„Јас бев луда и сакав се да биде под моја контрола. Ако не го знаев исходот на некоја работа, ќе се преправав дека сум болна или ќе се однесував неприродно.Во еден момент прекинав со овој начин на дејствување и се препуштив на животот. Ми беше срам затоа што плачев цело време “, истакна таа.

Ема Стоун

Пред да започне да глуми, Ема (27) имаше панични напади, и имаше изјавено дека разговорите со нејзината мајка доста и помогнале. ”Беше навистина лошо. Првиот пат кога имав паничен напад, седев во куќата на еден пријател и мислев дека сè околу нас гори. Ја повикав мајка ми која ме однесе дома, но во текот на следните три години нападите беа многу чести.  Сакав само да бидам сигурна дека никој нема да умре и дека ништо нема да се смени“, призна оваа талентирана актерка.

Џ. К. Ролинг

Неколку години пред нејзините книги „Хари Потер“ да станат светски познати, разведена и без денар во џебот, самохраната мајка Џоан (50) се здоби со депресија.

„Она што ме поттикна да побарам помош беше ќерка ми. Сметав дека мојата ќерка не треба да расте покрај таква мајка“, рече славната писателка и истакна дека никој не треба да се срами од менталните болести и дека е горда на себеси што се излечила од депресијата.

Деми Ловато

Во периодот кога Деми(23) беше славна тинејџерка, започна да се самоповредува и доби нарушување во исхраната, па на крајот  беше дијагностицирана и со биполарно нарушување.

„Не треба да се срамиме од тоа. Колку повеќе луѓе зборуваат за тоа, толку ќе биде полесно да побараат помош оние кои требаат. Не разбирав зошто минував низ тие работи, па решив јавно да зборувам за тоа и да им помогнам на другите “, заклучи пејачката.

Лејди Гага

Поп-ѕвездата Лејди Гага повеќе пати отворено зборуваше за страдањето од посттрауматско стресно нарушување поради силувањето низ кое поминала кога имала само деветнаесет години. Иако денес важи за една од најголемите поп-икони, Гага признава дека живее осамен живот во изолирана вила во Малибу и дека редовно посетува психијатар, како и дека некое време земала антидепресиви затоа што сакала да си го одземе животот.„Депресијата е нешто со кое се борев целиот мој живот. Постојано наоѓам начини да се чувствувам подобро. Кога работев на мојот последен албум, плачев секој ден. Благодарна сум на продуцентите и пријателите кои беа таму со мене“, рече неодамна Гага.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma