Познатите супермодели од осумдесеттите!

popara14 април, 20206min00
супермодели насловна

Терминот “супермодел” претставува синоним за 90тите години, преку Наоми, Кејт и сите останати познати манекенки од тој период. Но на овие супермоделки им претстоеле предците од 80тите години. Од Синди Крафорд и Брук Шилдс, до етаблирани убавици како Џери Хол и Џиа Каранги, еве ги напознатите супермодели од оваа декада.

Џери Хол

Хол се појавила за прв пат во 70тите, но ја освои сцената во 80тите години (до 21 годишна возраст веќе појавила на 40 насловни страници!). Таа ги исполнувала насловните страни на францускиот Vogue, работела ревии на Chanel и беше во врска со вечната рок ѕвезда Мик Џегер. Парот се раздели во 1999 година, но имаат четири заеднички деца.

Инес Де Ла Фресанж

Нејзината кариера започнала во доцните 70ти, а во 1983 година таа била првиот модел кој потпишал ексклузивен договор со Chanel. Ла Фресанж најново се појави во кампањата пролет/лето на Uniqlo.

Џиа Каранги

Манекенката од Филаделфија е позната по нејзинато проблематично минато и рана смрт, но исто така таа се смета за една од најголемите супермоделки на сите времиња. Била откриена во ноќен клуб во 1976 година и настапувала за брендови како Dior и Versace во доцните 70ти и раните 80ти кога починала од СИДА во 1986 година на 26 годишна возраст. Нејзиниот живот е преточен во филмот Џиа, во кој ја глуми Анџелина Џоли.

Фарида Келфа

Музата на Азедин Алаја, Жан Пол Готје и Жан Пол Годе, оваа француско-алжирска моделка била откриена на 16 годишна возраст во ноќен клуб во Париз. Со нејзината висина и вита става, таа била инспирација за најпознатите фотографии на Годе на сите времиња. Таа е исто така и актерка и филмски работник, а сега живее релативно приватен живот. “Навистина сум поласкана што ме опишуваат како стилска икона. Доаѓајќи од семејство на емигранти, за мене секогаш беше важно да се облекувам убаво. Тоа беше единствен начин да бидеш прифатен”, изјавила Фарида.

Синди Крафорд

Пред да стане супермодел Синди Крафорд била во академскиот свет. Студирала хемиски инженеринг пред да се откаже и да почне да се занимава со манекенство. Во 1982 година победува на изборот Elite Model Management’s “Look of the Year” и за неколку месеци САД се заљубува во нејзиниот комплетен американски изглед. Таа стана дел од големата шесторка на супермодели, а од сите нив имаше најголем успех.

Брук Шилдс

Откако како дете глумеше во филмовите Pretty Baby (1978) и Blue Lagoon (1980), Брук Шилдс влезе во модната индустрија, исполнувајќи ги насловните страни на најпопуларните модни списанија и појавувајќи се во контроверзните реклами за фармерки на Calvin Klein.

Иман

Иман била откриена во 1975 година од Питер Беард кој ја видел на улиците на Наироби и бил воодушевен од нејзината убавина. Во тоа време таа студирала политички науки и зборувала пет различни јазици. Буквално експлодирала на модната сцена и станала муза за најголемите модни дизајнери. Освен на модниот свет, му го привлекла и  вниманието на Дејвид Боуви со кој се омажи во 1992 година. Во 1994 година го лансира сопствениот бренд за шминки ИМАН, кој претежно е наменет за обоените жени чии потреби индустријата за убавина ги игнорира.

Ел Макферсон

На почетокот на својата кариера таа се занимавала со манекенство само за да може да си ги плати книгите по право за на факултет. Австралискиот модел се преселил во Њујорк, планирајќи да остане само една година, но се случило поинаку. Заради неспоредливиот физичкиот изглед, таа го добила прекарот “телото”

Керол Алт

Кога била откриена, Керол одела во воено училиште. Фотограф влегол во ресторанот каде работела како келнерка и и кажал дека треба да биде модел. Подоцна станала една од најголемите ѕвезди кои ги покривале насловните страни на модните списанија во 80тите години.

Паулина Поризкова

Нејзината кариера започнува откако е откриена на улиците на Шведска од страна на моден агент. Се појавила во бројни најпознати модни списанија,како и модни кампањи на  Estée Lauder, Maybelline, Escada

Ким Алексис

Ким почнала да се занимава со манекенство на 18 години. Иако работела висока мода, најпозната станала откако ја заменила Лорен Хатон како лице во Revlon’s Ultimate II line. Се појавила на насловната страна на Sports Illustrated Swimsuit Issue 6 последователни години.

Рене Симонсен

Данската моделка ја започнала кариерата како начин да си го плаќа факултетот, кога во 1982 победува на избор за убавина. Доживеала инстант успех појавувајќи се во разни кампањи и модни списанија. И покрај тоа што добила понуда да биде Бонд девојка во следниот филм за Џејмс Бонд, таа решила на 24 години да ја напушти кариерата и да продожи со студиите. Денес, таа е дипломиран психолог и писателка.

Татјана Патиц

Во 1987 година Татјана освојува трето место на изборот за убавина Elite Models’ “Look of the Year” . Иако не го освоила првото место, нејзиниот уникатен изглед и убавина ја освоила публиката ширум светот. Иако работела уште од 80тите години, 90тите и ја донеле титулата супермодел. И денес се појавува на ревии и во интересни реклами.

Линда Еванџелиста

Откриена од моден агент во 1981, а официјално почнала да се занимава со манекенство во 1984 година откако победила на локален избор за убавина. Потоа се преселува во Њујорк каде започнува да ја работи работата од соништата соработувајќи буквално со сите најпознати светски модни креатори. Таа била нарекувана и “моден камелеон” затоа што цело време ги менувала фризурите и кратејќи ја косата во 1988 станала инспирација за многу жени кои во салоните ја барале фризурата Линда.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag