Претходните истражувања покажаа дека ако ставаме поздрава храна во фрижидерот на ниво на очите или посебно ги обележуваме, почесто ќе се одлучуваме за поздрави оброци.
Подолготрајна студија на оваа тема беше спроведена во општата болница во Масачусетс. Поточно, две години истражувачите дистрибуирале храна во болничкиот ресторан. Зелените етикети беа залепени на поздрава храна, црвените етикети беа залепени на храна со повеќе калории и заситени масти, додека умерената храна беше обележана со жолта боја. Храната е распоредена на таков начин што онаа што е со зелена етикета е секогаш подостапна.
Во првите шест месеци од експериментот, продажбата на храна со зелена етикета значително се зголеми, додека продажбата на помалку здравата храна, особено онаа обележана со црвена боја, опадна.
„Ако ги ставите колачињата на горната полица ќе имате помала веројатност да ги одберете нив за време на ужина. Од друга страна, ако морковот ви е на дофат, ќе изберете здрав зеленчук отколку нездрави оброци што стојат на полицата во фрижидерот“, кажа Ен Торндике, автор на спроведената студија.
Затоа, ако одлучите целосно да ги смените вашите навики во исхраната, почнете да ја реорганизирате вашата храна во фрижидер.