Правило 80/20: План за исхрана со кој никогаш нема да мора да држите диета

popara16 јуни, 20201min00
61900774-tjestenina-sir-rucak

Правилото 80/20 не е диета, туку промена во животните навики што резултира во трајно слабеење. Со неговата примена, многу е лесно да се научи за урамнотежена исхрана и умереност, а може да се примени и на вежбање.

Правилото 80/20 значи дека сепак ќе можете да уживате во вечера или пијалок со пријателите без каење, а концептот на уживање во храна ќе ви остане многу познат.

Работата е прилично едноставна – 80 проценти од времето јадете здраво, а во 20 проценти од времето можете да си дозволите омилена храна, десерт, пијалок … И, не мора да се грижите премногу за математиката.

Ако, на пример, јадете три здрави оброци на ден, тогаш три нездрави се вашите 20 проценти за таа недела, или ако јадете пет мали оброци на ден, тогаш можете да јадете седум мали неделно.

За уште подобри резултати, „заштедете“ ги калории во текот на целата недела и придржувајте се до планот, и како што доликува „почастете се“ за викендот. Можете да го примените истото правило за вежбањето.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma