Изненадете го вашето семејство со кремаст “fudge” во празнично издание…
За десет минути, подгответе брзински “fudge” од темно чоколадо и кондензирано млеко, и украсете го со минијатурни marshmallow и шарени трошки!
По желба, додадете исецкани ореви или бадеми, украсете со трошки, парчиња гевреци, карамела или божиќни лижавчиња.
Состојки:
-400 мл кондензирано млеко
-200 гр темно чоколадо
-50 гр мини marshmallow
-Шарени трошки
-Кафена лажичка сол
Подготовка: Обложете го плехот со хартија за печење. Стопете го чоколадото на пареа со малку сол. Измешајте го стопеното чоколадо со засладеното кондензирано млеко. Брзо истурете ја смесата во подготвениот сад. Наредете marshmallow и украсните трошки и почекајте еден час.
Исечете на коцки и послужете!