Пред 10 години и сега: 10 познати и славни личности кои што секогаш имаат иста фризура

popara3 април, 20204min00
meg

Во фабриката за соништа наречена Холивуд постојано од ден во ден сѐ се менува. Се со цел доследно да ја исполнат улогата која што ја толкуваат, филмските актери се подготвени на големи промени во нивниот животен стил и физички трансформации.

Од друга страна пак, тука се славните и познати дами кои што по секоја цена не го менуваат својот препознатлив стил.

Една од тие дами е Џенифер Анистон. Благодарение на серијата  „Пријатели“ таа ја прослави таканаречената Рејчел фризура – степенаста фризура со остри линии кои што ја следат линијата на  лицето. Последните десет години нејзината фризура не е воопшто променета и истата стана нејзин препознатлив стил. Меѓу овие дами е и Рис Витерспун со нејзината прекрасна руса долга коса, со едноставна форма.

Долгата темна коса е препознатлив стил на Анџелина Џоли и Меган Фокс, додека Зои Дешанел има сличен стил но надополнет со препознатливи и шик шишки. Џулијана Мур гордо ги истакнува своите природни црвени кадрици и има слична фризура како бринетата Натали Портман.

Дефинитивно најдоследна на својата фризура е Ана Винтур. Уредникот на американското списание „Вог“ со децении носи ист боб со шишки, а единствената промена е што понекогаш само ја менува бојата. Секако, сите овие славни дами редовно ги посетуваат популарните фризерски салони во Холивуд и прават мали промени во должината, формата и бојата на фризурата, но промените се толку мали што се скоро неприметливи.

Погледнете ја нашата галерија со фотографии и видете ги десетте славни дами кои што имаат иста фризура во последните 10 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag