Ариана Гранде се потсети на трагичниот настан од нејзиниот концерт што се случи на 22.05.2017 година, кога се случи терористички напад за време на нејзиниот концерт во Манчестер Арената во Лондон.

Либискиот напаѓач Салман Рамадан Абеди разнесе се на излезот од Арената откако заврши концертот. Покрај него, 22 други лица загинаа, а 119 беа повредени.Аријана беше во шок по тој настан, а открила и дека има посттрауматско нарушување.

– Сакам да издвојам момент да испратам љубов на сите што се тажни и депресивни заради годишнината што ни доаѓа. Не поминува ниту еден ден оваа трагедија да не влијае на мене и на сите нас.Размислувам за оние што починаа секој ден- напиша Аријана и рече дека ќе се моли за нив.

Да потсетиме, нападот се случи во 22:30 часот за време на концертот како дел од светската турнеја на Аријана. На концертот имаше повеќе од 14.000 посетители.