Глумицата Ребел Вилсон има високи цели за 2020та година, за која уште од самиот почеток кажа дека е нејзина “година на здравјето”
Ѕвездата од филмовите Bridesmaids и Pitch Perfect, сподели на својот Инстаграм профил новости од напредокот во својата физичка трансформација.
- “Дури и ако мора лазејќи да стигнете до својата цел, не откажувајте се! Ќе се исплати. Секој ден давајте се повеќе и повеќе од себе. Знам дека некои денови се фрустрирачки, дека некогаш сте на чекор од тоа да се откажете, дека некои денови ве нервираат бидејќи не гледате резултати…но, добрите вести се секогаш близу. Кои се вашите планови за 2020та година?” – напиша Ребел во својата објава.
Ребел навистина не се шегува кога вели дека работи напорно. Таа секој ден во неделата вежба со својот тренер Џон Кастањ и додава дека “годината на здравјето” ја започнала со едноставни прошетки и поздрава исхрана.
Таа сподели и едно интересно искуство од снимањето на филмот “Мачка”. Поточно, на сетот за снимањето на овој мјузикл, температурата била слична на онаа во сауните, се со цел танчерите да останат загреани, па така Ребел успеала да симне 3 килограми за 4 дена.