На социјалните мрежи се појави фотографија од кутија со заштитни маски кои е задолжително да се користат во овој период. Но она што го привлече вниманието е предупредувањето напишано на кутијата.
– Овој производ не е респиратор и не може да обезбеди заштита од Ковид-19 или од било кој вирус или зараза. Носењето на маска не го намалува ризикот од било која болест или инфекција. Секој поединец е одговорен за својата безбедност, како и начинот на носење на маската. Веднаш отстранете ја доколку е контаминирана- пишува во предупредувањето.
Маската секако не гарантира 100% заштита од вирусот, но е најефективна во одбраната од коронавирус. Акцентот е ставен на одбрана, а не заштита од вирусот.
Маската стана задолжителна при возење во јавен превоз, затворен простор, или отворен протор каде што не може да се одржува препорачаното растојание од 2 метри.
Маската служи за спречување на ширење на капките во случај на кивање или кашлање, бидејќи вирусот се пренесува по капков пат.
Според досегашните истражувања, преносот на вирусот е намален дури за 60 проценти кога се носи маска.