Преку солзи, актерот рече дека последните седум дена биле можеби најтешки во неговиот живот.
Актерот Орландо Блум низ солзи им откри на своите фанови каков тежок период поминува, и покрај тоа што во секој момент се очекува да стане татко со детето што го има со Кети Пери.
Имено, Орландо, додека се тетовирал, дознал дека починал неговиот најдобар пријател, куче по име Моќен, кого го бараше една недела и нудеше 5000 долари за тој што ќе го најде. Тој му посвети тетоважа на градите на својот драг миленик. “Тој е сега на другиот свет. После седум дена, за време на кои го барав од изгрејсонце до зајдисонце, и во доцните часови, денес, седмиот ден, го најдовме неговото оглавче. Оваа недела плачев повеќе од кога и да било, но тоа за мене беше исцелувачко. Јас го барав кучето насекаде, но не успеав да го најдам. Имав и две кучиња трагачи, и тие сторија најдобро што можеа.
Се чувствувам многу благодарен, затоа што моето кучр ме научи дека љубовта е вечна ими го покажа вистинското значење на лојалност. Сигурен сум дека ме гледаше одозгора додека свиркав во секој двор и знаев дека сторив сè. Тој ми беше најдобар пријател. Жал ми е. Те сакам “, рече Блум.