Премногу време поминуваме пред екранот : Постојат ТРИКОВИ кои ќе ви овозможат помалку да гледате во ТЕЛЕФОНОТ

popara19 јуни, 20201min00
Annotation 2020-06-19 164916

Испитувањата покажуваат дека овој процент за време на карантинот уште повеќе се зголемил

Често можеме да чуеме дека премногу време поминуваме пред екраните на мобилните телефони, лаптопите или таблетите, а овој тренд во карантинот уште повеќе се зголеми.

На овој начин , во време на изолација, своето време го изгубија и оние кои не се толку ,,зависни” од интернет и друштвените мрежи, што го потврдува и неодмнешната студија на Common Sense Media, која вели дека во тек на карантинот пред екраните биле дури 60 проценти повеќе луѓе ОТКОЛКУ пред пандемијата.      

Многу пред пандемијата да го префрли друштвениот живот на луѓето на интернет, испитувањата покажаа дека американските тинејџери во просек  секојдневно поминуваат седум часа и 22 минути пред екраните-што не го вклучува времето поминато пред екраните за училишните активности.      

ekran

На многу од луѓето не им е лесно да го остават мобилниот телефон, а известувањата кои се намерно дизајнирани да го привлечат нашето внимание не помагаат при овој проблем, но сепак со некои трикови може да ги ублажиме.

“Испитувањата покажуваат дека најмногу не импресионира тоа што го гледаме и дека најмногу се ослонуваме на визуелниот впечаток “, вели професорката по психологија на Британскиот Универзитет, Дарија Кас.    

“Црно-белиот екран веројатно нема толку да ви се допаѓа, па така да ќе поминувате помалку време пред него”, вели Кас.       

Затоа ќе треба да овозможиме “grayscale” функција, која првобитно е дизајнирана за подобар пристап на корисниците со слаб вид. Дека ваквото осветлување на екранот ќе биде помалку атрактивно, неодамна е докажано во експериментот на студентите од Универзитетот Северна Дакота.   

Своите телефони ги поставија на “grayscale mode“, што го намалило времето поминато пред екран за скоро 40 минути.  

“Сивиот моуд ги ремети плановите на дизајнерите и маркетинг стручњаците кои се обидуваат да ве наговорат да што повеќе време поминувате на некој уред“, кажа авторот на наведениот експеримент и дипломиран психолог Алек Ј. Холти.  

Тој додава дека иконите на апликациите воглавно имаат многу јарки бои, што е доста привлечно за нашиот центар за внимание, а тоа е една од причините што инстаграм и гугл ги редизајнираа своите логоа во последните неколку години и им дадоа впечатливи живописни бои кои суптилно ги оплеменуваат.

Стручњаците велат дека користењето на сивите нијанси е само еден од начините за контролирање на времето поминато пред екран, а можете и да ги тргнете неважните апликации од почетниот екран и да ги исклучите непотребните нотификации.

Покрај тоа, препорачуваат и да го оставите телефонот во друга соба и да не го носите со вас во спалната.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag