Приказната за Рут Колева- Бугарската пејачка која со месеци е заглавена во Мексико!

popara8 јуни, 20203min00
рут 7

Македонската јавност имаше прилика прв пат да слушне за бугарската пејачка Рут Колева , која во 2009 година беше една од финалистите на Бугарскиот Музички Идол во кој учествуваа и нашите пејачи Александар Тарабунов, Бојан Стојков и Дарко Илиевски.

Нејзината музичка кариера продолжи по нагорна линија, таа имаше и неколку гостувања во Скопје во рамки на некои од нашите домашни фестивали.

Рут се стекна и со интернационална популарност, настапувајќи речиси во целиот свет.

Но, пандемијата на Ковид-19 ја затекна на едно сосема неочекувано место, за кое веројатно ни самата Рут ниту во најлудите соништа не претпоставувала дека ќе стане нејзино привремено престојувалиште.

Имено, последната нејзина турнеја била низ САД, но таа заминала во Јукатан, Мексико само со рачен багаж, само за да заврши некоја кратка работа и со намера за ден или два да се врати за во Чикаго, па во Њујорк и оттаму во Бугарија. И токму тука, во тоа изолирано село се затвораат границите и таа не е во можност никаде да замине. Најблиската болница до селото е на два часа возење, па локалните власти заради слабиот здравствен систем одлучуваат да воведат комплетен карантин со кој не е дозволен ниту влез ниту излез од селото.

И додека да се средат впечатоците од првичниот шок, Рут е веќе локална девојка прифатена од локалното население. Таа почнува да ужива во природните убавини и во прекрасните плажи, иако е далеку од дома и секако, далеку од остварувањето на сите предвидени планови.

Во селото Ел Кујо каде што се наоѓа таа нема банкомати, нема болница, ниту стоматолошка амбуланта. Интернетот е многу слаб, но затоа секогаш има свежо манго и преубава свежа риба.

За жал или за среќа, таа таму го дочекува и својот јубилеен 30ти роденден.

За да бидат работите поинтересни, таа таму, во тоа зафрлено местенце се запознава со музичар кој има музичко студио и со кој почнува да соработува, за да и помине времето додека е затворена во градот, сама, на 10 илјди километри од дома.

Таа успеа да заврши и неколку песни од новиот албум, па дури и да направи live концерт кој беше емитуван минатиов викенд.

Сè уште не се знае кога ќе се врати дома, но едно е сигурно- оваа приказна е уште еден доказ дека музиката не познава граници и јазични бариери, но и дека знае и тоа како да ги излечи сите рани!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag