Пристигнуваат Бекамови: По Кардашијан, тие започнуваат нова емисија!

popara11 ноември, 20201min0
бекам

Секој што неодамна жали за крајот на реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ може да најде утеха во информацијата дека популарната стриминг платформа Нетфликс планира да сними сличен формат со фокус на семејството на фудбалерот Давид и неговата сопруга, дизајнерката Викторија Бекам.

Славната двојка ќе заработи од својата приватност неверојатни 16 милиони фунти, а на гледачите ќе им покаже многу непознати детали од нивната врска, како и на своите четири деца кои исто така ќе бидат дел од програмата.

Викторија Бекам се надева дека овој проект ќе придонесе за популаризација на брендот Бекам.