Призна дека го удрила поранешниот сопруг со врата

popara23 март, 20201min00
jd

Драмата меѓу холивудскиот актер Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд изгледа дека нема крај. Имено, откако неколку пати Амбер го обвини за злоставување, со што и приложи и фотографии на кои има модринки на лицето, неодамна излезе во јавноста аудио-снимка од 2016, во која Амбер признава дека физички го нападнала сега веќе поранешниот сопруг. Со оглед на тоа што судењето сè уште трае, денес се појавија нови шокантни детали. Актерката наводно присилно ja удирала главата на Џони со вратата, пренесува Daily Mail.

Според споменатиот магазин, адвокатите на Деп објавиле контроверзни снимки за време на последната судска седница, каде што актерот се слушал како вика кон својата поранешна сопруга. „Само што ми ја тресна главата во вратата, и кога се обидов да станам, замавна со тупаница за да ме докрајчиш“, на што Амбер одговори дека станува збор за несреќа. „Се обидов да ја затворам вратата, но проблемот беше што тој насилно сакаше да влезе во мојата соба. Едвај се ослободив откако го треснав со вратата. Не сакав да го удрам по главата, тоа се случи случајно “, се бранеше актерката.

Патем, парот се раздели во мај 2016 година, кога актерката побара развод по 15 месеци брак, а во поднесувањето на развод, таа го обвини Деп за насилство што кулминираше во мај, кога актерот наводно и го фрлил мобилниот телефон во лице и скршил некои работи во станот . Во месеците што следеа, поранешни сопружници продолжија да поднесуваат обвиненија еден против друг, а некои од најбизарните секако беа оние во кои Џони тврдеше дека Амбер го удрила со стаклено шише, му го повредила прстот и наводно изгаснала цигара од неговиот образ, додека таа тврди дека ја претепал, ја повлекол за коса, ја давел и скоро ја удавил.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag