Признава колку ја погодува – Меган Маркл го сподели своето болно искуство со расизмот

popara4 јуни, 20201min00
102373400_630324507557965_5591333179215577088_n

Актуелната ситуација во Америка го потресе целиот свет, но малку е познато дека Меган, актуелната сопруга на принцот Хари има афроамериканско потекло и дека и самата била жртва на расизам. Војвотката од Сасекс Меган Маркел моментално нема профил на социјалните мрежи и не комуницира со медиумите, па затоа не ни е познат нејзиниот став за ситуацијата во САД каде повеќе од 2000 луѓе во 200 градови протестираат за убиството на афроамериканецот Џорџ Флојд.

Меган во 2012 година зборуваше за расизмот како проблем во Америка и за тоа како тоа влијаело на нејзниот живот. Поранешната глумица е со мешовито потекло, мајка и е од Африка а таткото е белец, што во животот и задавало проблеми.

  • “Многумина не можат да проценат кое е моето потекло и поголемиот дел од животот се чувствував како нем гледач. Сепак ме погодуваа дел од навредите, шегите и погрдните имиња кои ги слушав. ” – призна тогаш Меган и додаде дека неодамна слушнала како мајка и ја нарекуваат со “зборот на Н”.

“Искрено, вашата раса е она што ве дефинира. ” – потенцираше денешната војвотка. Таа истакна дека е горда на своето потекло но дека се надева дека до денот кога ќе стане мајка луѓето ке станат поотворени и ќе ја видат убавината во “мешаниот свет”.  “Мислам дека тоа мене ме прави поубава и поинтересна. ” – додаде на крајот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag