Ако лебот е вашиот омилен додаток на секој оброк, но се грижите за „вишокот“ калории што ги внесувате, експертите советуваат еден трик со кој простите јаглехидрати во него се претвораат во поздрави, „отпорни“.
Лебот често се обвинува за зголемување на телесната тежина, иако во повеќето случаи тоа не е вистина, особено ако јадете само неколку парчиња на ден. Како најлош меѓу лебовите е познат „белиот леб“, исто така и најпродаваниот вид.
Од прилог, сендвичи до десерти, лебот е основа на исхраната во западното општество, но во последно време се смета дека е штетен по здравјето. Ова е поткрепено со фактот дека продажбата на леб опадна за околу 40 проценти во последните 30 години, покажа едно италијанско истражување.
Многумина нè советуваат да избегнуваме леб поради високиот гликемиски индекс или поради големиот број што го покажуваат интензитетот на лачење на инсулин после јадење.
Трик што го намалува ризикот од дебелеење
Откако ќе купите – или направите домашен леб и ќе го испечете, ставете го во замрзнувач. Зошто? Бидејќи исто како и готвењето и ладењето, замрзнувањето го претвора скробот во отпорен скроб. Неверојатно, ова значи дека вашето тело добива многу помалку калории од лебот. Всушност, отпорниот скроб ги храни вашите цревни бактерии наместо да ве прави подебели, пишува ВВС.
Лебот е најдобро да се јаде за појадок
Најголемиот проблем со белиот леб е што поради високиот гликемиски индекс, премногу брзо ослободува енергија, со што се зголемува нивото на шеќер во крвта. Ова може да придонесе за развој на дијабетес тип 2, па дури и да го забрза развојот на малигни заболувања.
Сепак, оние кои немаат семејна историја на дијабетес, не треба да избегнуваат бел леб, кој е идеален за појадок, затоа што тогаш го забрзува метаболизмот, велат научниците.