Викторија Семјонова, експерт за природно лечење дава рецепт за радикално чистење на цревата.
Земете половина килограм свежи моркови и исто толку свежо цвекло.
Зеленчукот ситно исечкајте го и ставете го во неоштетен емајлиран сад. Прелијте со врела вода така што водата треба да биде два прста над зеленчукот.
Потоа додадете по една рака сецкани суви кајсии и суво грозје. Ставете го садот на жешка рингла за да зоврие водата. Веднаш потоа тргнете го садот од оган.
Во течноста додајте една лажица мед и оставете да отстои покриено 12 часа на ладно место. Потоа, процедете ја течноста и пијте по половина чаша три пати дневно. Чистењето на цревата со помош на овој рецепт трае еден месец.
Преостанатата течност чувајте ја во фрижидер.