Состојки:
2 парчиња пилешки гради
2 лажици путер
лажица сенф
1/4 свеж магдонос
1/4 пиперки
сол и црн бибер
40 гр трошки од леб
1 јајце
2 лажици пармезан
Исечете ги тенко пилешките гради. Премачкајте ги со сенф, сол и црн бипбер. Исечете го путерот на 4 парчиња и ставете по еден на секое парче месо и превртете го и прицврстете со чепкалки за заби. Ставете ги шницлите во изматени јајца, а потоа во трошки од леб измешани со пармезан. Оставете ги шницлите во фрижидер десет минути. Извадете ги шницлите од фрижидерот, натопете ги повторно во јајцата и трошките и пржете ги десет минути на врело масло. Послужете со пире од компири или зеленчук