Полно со омега-3 и витамин Е, авокадото има перфектен вкус кога е тенко исечено за во салата, или дел од смути пијалак или се користи заедно со семе од сончоглед. Друг начин како да го вклучите авокадо во вашиот кулинарски живот е како замена за путерот.
При печење, заменете половина од количината путер во вашиот рецепт со пире од авокадо. Доколку ја замените целата количина, ќе завршите со “поинтересен“ резултат. Да ви помогне за да сфатите колку е потребно, треба да знаете дека еден авокадо дава околу три четвртини од чашата. Заменувањето путер со авокадо не само што ја намалува содржината на калории – половина чаша путер е 813 калории, а истата количина пире од авокадо е 184 – но, исто така, дава и помек вкус. Додека путерот е богат со маснотии, авокадото содржи здрави мононезаситени маснотии кои се здрави за работата на срцето, а притоа овозможува да се намали LDL (лошиот) холестерол и да го одржува HDL (добриот) холестерол и да помогне во намалувањето на маснотиите.
По порција четвртина чаша, авокадото има над 300 калории помалку од путерот, но исто така нуди и помалку заситени масти и холестерол. Ова зелено овошје исто така нуди повеќе протеини и хранливи влакна, богато е со витамини Б, калиум, витамин Е и витамин К. А, сето ова не можете да го кажете тоа за путерот.
Еве неколку рецепти што можете да ги пробате со оваа замена за путер:
· Мафини од тиква: нема да верувате колку се меки и преубави овие мафини; никој нема да знае дека немаат путер.
· Вегетански чоколадни кекси со прелив од „путер“: за овој рецепт, преливот од путерот што традиционално се користи за правење се заменува со зрело авокадо, давајќи го најлесниот, највкусниот прелив.