Корона вирусот го стопираше спортот низ целиот свет и дискутабилно е кога и дали ќе продолжат натпреварите оваа година.
Еден од натпреварите коj најмногу им недостасува на спортските навивачи е Лига на шампиони, чие финале ќе се игра во Истанбул, а според првите информации на УЕФА, преместена е на 27 јуни. Сите се прашуваме само една работа – дали е ова воопшто можно со оглед на целата светска ситуација предизвикана од пандемијата КОВИД-19.
Како и да е, активните корисници на социјалните мрежи најдоа решение што може да помогне во оваа ситуација, бидејќи тоа ќе биде единствениот начин да се придржуваат до сите правила на однесување за време на пандемија.
Се разбира, сето тоа е во шеговита конотација, а ова видео стана хит на социјалните мрежи со неверојатна брзина. Погледнете и зошто!