Доколку сте посветени на вегетаријанската и веганската исхрана, превземате ризик следејќи ја таа диета, и мора постојано да го надополнувате недостатокот на протеините од исхраната.
Протеините имаат многубројни предности. Од нив зависи квалитетот на кожата, косата, ноктите, а секако и работењето на срцето и органите.
Зборот протеин потекнува од латински збор што значи „примарна потреба“. Самото тоа ни кажува дека без протеините не може да се одржува мускулната маса. Доколку тренирате, а не внесувате доволно протеини, доаѓа до опаѓање на имунитетот на телото.
Како да приметите дека ви фалат протеини? Постојано сте гладни
Само што ручавте, а повторно гледате што има во фрижидерот? Можеби чувствувате малку глад од оброк до оброк, но ако имате огромна желба да јадете нешто на секои половина час, тоа посочува на постоењето на некој проблем.
Една од причините за тоа може да биде недостатокот на протеини. Протеините го контролираат нивото на шеќер и ви помагаат да се чувствувате сито. Покрај тоа, доволна количина на протеини во телото ја намалува потребата за прекумерно солена и слатка храна.
Вашиот метаболизам успорува
Ако јадеме помалку протеинска храна, телото ја губи мускулната маса.Колку што е помал внесот на протеини, толку се помали мускулите. Оптималната количина на протеини што треба да ги внесуваме дневно е 0,8 грама на секој килограм од телесната тежина.
Имате потешкотии со концентрацијата
Честопати ви се случува да не можете да се сетите на важни информации, и тоа постојано ви пречи? Можеби падот во концентрацијата е поврзан со недостатокот на протеини во телото. Како се случува тоа? Протеинот е важен елемент кој учествува во производството на хормони и ензими. Тие пак, влијаат на квалитетот на мозокот.
Раните и повредите споро заздравуваат
Протеинските единици исто така учествуваат во заздравувањето на кожата. Дефицитот на протеини доведува до лоша циркулација и долго заздравување на новите повреди и рани. Воедно, кога ќе ги исклучите протеините од исхраната, се смалува густината на коските, што го зголемува ризикот од скршеници.
Ноктите често се кршат
Ако забележите дека вашата коса станува досадна, а ноктите почнуваат да ви се лупат, зголемете ја количината на протеини во исхраната. Јадете повеќе протеинска исхрана и пратете ја количината на витамините Д и Б во вашиот организам.