Сите ние имаме по некоја фотографија од ноќно излегување која со задоволство би сакале да биде заборавена. Станува незгодно кога таква фотографија има некој член од кралското семејство, а некогаш “главна партнерка” на британската елита била токму војвотката Кејт Мидлтон.
Нејзините фотографии се повторно хит на Инстаграм , а на некои од нив се појавува и нејзиното тогашно привремено момче, а сега нејзин сопруг, принцот Вилијам.
Принцот се запознал со Кејт во 2001 година за време на студиите на престижниот универзитет St. Andrews. Парот се трудел да живее нормално, без кралски привилегии. Исто така, често оделе на студентски забави со многу алкохол. Иако по венчавката тие се смириле, овие фотографии се тука за потсетување дека и тие се само луѓе.