Проверен рецепт за слабеење: Исфлете ги овие 5 намирници и ќе забележите неверојатни резултати

popara9 април, 20201min00
ishrana

Иако одредени намирници се здрави, тоа не значи дека имаат малку калории. Повеќето луѓе, кога ќе започнат диета, прават голема грешка. Овие 5 намирници го забавуваат процесот на слабеење и го одложуваат согорувањето на маснотиите.

Доколку сакате да видите брзи резултати, заборавете на овие намирници во наредниот период.

Авокадо

Веројатно сте забележале дека речиси сите фитнес инструктори го препорачуваат авокадото и велат дека е одлично за диети. Сепак, иако е многу здраво, авокадото содржи голем број калории кои само ќе го забават процесот на слабеење. Една порција содржи 384 калории.

Авокадото треба да го вклучите во исхраната во моментот кога ќе ја достигнете посакуваната тежина и сакате да ја одржите.

Фруктоза

Ова е дефинитивно поздрава замена за шеќерот, велат нутриционистите, но не треба да биде на менито во процесот на слабеење. Употребата на фруктоза треба да се сведе на минимум или најдобро е целосно да се исфрли.

Фруктозата предизвикува зголемена потреба за слатки, затоа што исто како и белиот шеќер, го зголемува нивото на шеќер во крвта и ви го отвора апетитот.

Суво овошје

Станува збор за овошје кое може да ве измами и да ве натера да мислите дека е добро да го јадете за време на диетата. Една чаша суво грозје содржи скоро 500 калории, а една чаша сушени сливи околу 447. Ако не можете да им одолеете, тогаш внимавајте на количината.

Тропско овошје

Мангото и ананасот се вкусни овошја, но содржат многу шеќер што значи дека исто така содржат и многу калории. Наместо тоа, јадете јаболка што има малку калории и содржи влакна кои се одлична помош при согорувањето на калориите.

Сокови

Обрнете внимание на составот на соковите што ги купувате, бидејќи дури и оние што се природно исцедени можно е да имаат дополнителен шеќер. Употребата на сокови е најбрзиот начин за создавање на масни наслаги.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma