Ако сакате да го истакнете вкусот на вашиот омилен пијалок, пробајте го проверениот трик.
Доколку кафето ви е горко и не ви се допаѓа, не треба да правите ново кафе. За среќа, можете да го поправите вкусот на кафето, ни помалку ни повеќе, туку со само неколку зрна сол!
Освен што на тој начин ќе ја намалите горчината и со самото тоа потребата за нездравиот шеќер, кафето ќе има подобар вкус. Совршената количина на сол е четвртина лажичка сол на две лажици мелено кафе.
Што ви е потребно: Кафе и сол
Што правите: Ставете ја солта во горкото кафе и промешајте
Зошто функционира: Солта необично се врзува за рецепторите за вкус кои ја детектираат горчината и ги спречува да ја извршат својата работа.
Резултат: Може ќе почувствувате мала солена нишка, но доколку преферирате солена нота повеќе од горчлива, овој трик е идеален за вас.