Среќен роденден на Доналд Трамп или… Среќен Ден на Обама: Додека актуелниот претседател на САД го прославува својот седумдесет и четврти роденден, холивудските ѕвезди на социјалните мрежи го фалат претходниот претседател Барак Обама, честитајќи му го “Денот на Обама”.
Наместо да му честитаат роденден на Трамп, холивудските ѕвезди заедно со неколку илјади луѓе на друштвените мрежи го прогласија 14 јуни за Ден на Обама. Хаштагот #ObamaAppreciationDay така заврши на првото трендинг место на твитер со повеќе од 250 илјади објави, додека хаштагот #HappyBirthdayDonaldTrump заврши на 24то место на истата листа.
Една од првите јавни личности кои го честитаа “Денот на Обама” на мрежите беше пејачката Мараја Кери, која објави своја фотографија со некогашниот претседател и првата дама Мишел Обама.
Прославувањето на овој невообичаен “празник” го поддржа и пејачката Сиара, која сподели фотографија на која се ракува со Обама.
Потоа се придружија и Снуп Дог, кој исто така објави фотографија од Обама и на своите следбеници им го честиташе неговиот ден, а и Фифти Сент, Синди Лаупер и други.