Пејачката Елена Ристеска по долга и макортпна посветеност, успеа да стигне до зацртаната цел и да го има во раце производот кој го посакуваше, а тоа се женскиот и машкиот парфем од нејзината козметичка линија „ЕРА“ на која е максимално посветена.
Всушност, ова се само првите два производи од козметичката линија чие име е сочинето од нејзините иницијали и првата буква од името на нејзинот татко.
Елена им најде пласман за продажба на парфемите во неколку салони за убавина низ земјава, а исто така објави и дека испратила и во Америка и Италија.
Елена е талентирана за пеење, но поседува умешност и за бизнис, маркетинг, одличен избор на зборови за да допре до целната група и секако провокација.
Во последната објава, целната група и беа припадниците на посилниот пол, односно сакаше да ги приблече со провокативна фотографија на која носи црн фустан со висок шлиц, го покажува машкиот парфем ЕРА и отктива каков маж може да ја привлече.
Крајот во описот беше особено провокативен, бидејќи ги повика оние кои мислат дека можеби ќе и се допаднат, да го купат парфемот и да мирисаат како што сака таа.
-Информациите се хранат од носот до кортикалните области за да предизвикаат емоции и спомени без наша свест. Кога станува збор за мирисите, луѓето можат да бидат под влијание и да не го сфаќаат тоа. Значи, моите омилени парфеми за мажи во минатото што оставија некои посебни емоции и спомени во мојот живот беа земени како упатство за создавање на парфемот ЕРА за мажи. За мене, идеален човек мириса токму на тој парфем. И тоа е мирисот што лесно може да ме привлече. Ако мислите дека можеби ми се допаѓате, купете го парфемот ЕРА, пишува Елена, а недно отрки и која била приказната во зоздавањето на мирисните ноти на машкиот парфем.
По врската со скопјанецот Филип, Елена изгледа дека се уште е слободна, па како што вели ако мислите дека и се допаѓате, знете како да и пријдете, нанесете го парфемот што таа го сака и пробајте дали ќе се создаде некаква мирисна хемија на привлечноста.