Први знаци за ефикасноста на вакцината на есен

popara25 мај, 20201min00
8963195585ecb60baa7dd7351465406_v4 big

Претседателот на Здружението за вакцинација „Гави“, со седиште во Женева, Сет Беркли изјави дека ефикасноста на потнцијалните вакцини против корона вирусот ќе бидат видливи дури на есен.

„За жал не знаеме која вакцина ќе фунционира и и дали ќе има таква. Ако имаме среќа првите знаци ќе ги имаме на есен“ – рекол Баркли во неделата за швајцарскиот магазин „NAA am zontag“, пренел Rojters.

Тој додал дека долг е патот додека одобренената и ефикасна супстанца биде достапна во големи количини за да се дистрибуира на целото население на планетава. Исто така тој ги повикал светските организации да направат план за производство и дистрибуција на вакцината бидејќи според него потребен е договор на светско мегународно ниво за изградба на производствени капацитети за да веднаш се прејде на производство на вакцината.

„Државите би требало да соработуваат за поделба на вакцините во случај да одредени вакцини во една држава не функционират“ – рекол Беркли додавајќи дека можно е одредени вакцини подобро да функционираат на помладото население, а други на постарото.

Исто така ја повика и СЗО да објави јасни мерки и насоки во однос на дистрибуцијата на вакцината за да се спречи вакцините прво да бидат достапни за погатите на сметка на оние на кои им е најпотребна. Тој смета дека ако во почетокот има ограничена достапност на вакцината тогаш таа прво да се подели и да се имунизира медицинскиот персонал.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag