Синот на Ким Кардашијан и Канје Вест, Псалм, наполни една година во строг карантин, заради целата ситуација со коронавирусот. Семејството, секако, направи се за да го направи малиот да се чувствува посебен, а гордата мајка, со кратко видео на која бебето се потпира на раката, порачува:
“Моето бебе Псалм денес наполни една година. Псалми, ти го комплетираш нашето семејство. Сè е совршено поради тебе. Те сакам многу, среќен роденден”, со оваа изјава Ким предизвика бројни реакции од фановите на Твитер.
Патем, Псалм е четврто дете на славна двојка. Во брак, тие ги добија ќерките Норт и Чикаго, како и синот Сеинт.