Актерот Том Хенкс (63) се нашол во улога на водител на комичното шоу “Saturday Night Live”, кадешто раскажал како изгледало неговото лекување од коронавирусот, но и каков му е животот откако се излечил.
– Не грижетете, избричената коса е заради улогата, бавно расте. Многу е добро да се биде тука, но истовремено и чудно е да се води “Saturday Night Live” од дома. Чудно е времето за шеги, но тоа што се обидувам да бидам смешен е поентата на емисијата- кажал на почетокот.
Но, иако целта на емисијата е да се пренесе смеа, наредната изјава на Хенкс никому не му била смешна.
– Никој не сака да биде со мене подолго време, на луѓето им е непријатно да бидат покрај мене- изјавил Хенкс.
– Ова одело е прво нешто што облекувам од 11 март, а да не е тренерка. Сопругата ми помогна да го облечам, бидејќи сум заборавил како функционираат копчињата- се пошегувал Том.
За потсетување, закрепнувањето на Том и неговата сопруга траело цел месец, а по лечењето и изолацијата, парот пристигнал во Америка на 28 март.