Раперот Дрејк живее како крал

popara29 мај, 20203min00
nalet

Неговата палата изобилува со луксуз, но тоа не е воопшто чудно, бидејќи целиот ентериер е дизајниран од страна на архитектот Ферис Рафаули.

Изградија снежно – бела палата буквално од нула.

  • Сакам мојата куќа да постои барем 100 години – изјави Дрејк.

Ако сонот на раперот се оствари, оваа куќа со целосно право може да се претвори во музеј. Овде навистина има што да се види.

Состојбата во домот, самиот сопственик, ја опишува како луда, секси и кул.

Самото предворје е со гигантска величина, а целиот простор е украсен со Nero Marquina мермерот. Висината на плафонот е воодушевувачка – 13,5 метри.

Другата фантастична просторија е обоена во канаринец жолта боја. Главниот украс овде е лустерот направен од панел во шестоаголна форма. Целиот мебел во собата е прекриен со кожа од ној. Но, омилената соба на раперот е неговата спална. Зафаќа површина од 297 квадратни метри. Има брачен кревет, којшто тежи скоро еден тон, а на него има  Alexander McQueen крзнен прекривач и текстил.

Гардеробата е споена со спалната соба. Украсена е со многу огледала и рачно изработен камен, а во неа има над стотина чевли и барем десетина Биркин торби. Ќе се изненадите од фактот дека Дрејк овие торби ги собирал со години наназад, се со цел да и припаднат на неговата сопруга.

Останатите атракции се кошаркарскиот терен, музичкото студио направено во стилот на ‘70те, како и затворениот базен.

Како посебна се издвојува собата со награди. Таа сама по себе зборува за кариерата на раперот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag