Најдоброто освежување за топлите денови!
Во жешките летни денови, нема ништо подобро од домашниот сок од нане што го крева телото и умот. Освежителниот вкус на нането ќе го зајакне организмот, а ќе добиете и енергија. Во комбинација со парчиња лимон и мраз, тоа има корисен ефект врз сите наши сетила, пишува Stvar ukusa.
Потребно е:
300 гр свежо нане
5-6 лажици шеќер
3 кесички лимонтус
3 литри вода
3 кг шеќер
Подготовка:
Исплакнете го свежото нане со ладна вода за да ја отстраните прашината од него. Потоа исечете го на мали парчиња со ножици или нож. Сецканото нане измешајте го со 5,6 лажици шеќер и лимонтус. Се добро истискајте со вашите раце. Прелијте со 3 литри вода и оставете да отстои 24 часа. Потоа процедете низ газа и додадете 3 кг шеќер во добиената течност. Оставете да отстои уште 24 часа со повремено мешање.
Ако не ставите конзерванс, сокот може да остане во фрижидер околу 2 месеци. Или ако не се испие замрзнете го. Ако ставите конзерванс, тогаш сокот мора да отстои најмалку две недели пред да започнете со пиење.
Уживајте во разладувањето!